Пет носители на машкиот дел од турнирот и шест на женскиот не успеаја преку првите пречки на Австралија опен. Меѓу елиминираните највисоко котираа Американецот Џејмс Сок и неговата сонародничка Венус Вилијамс. Воведното коло на првиот гренслем во сезоната заврши и за Кевин Андерсон (11 носител), Џон Иснер (16), Лук Пуе (18) и Филип Колшрајбер додека настапот во Мелбурн кај девојките го завршија и Коко Вандевеј (10), Слоун Стивенс (13), Доминика Цибулкова (24) и Екатерина Макарова (31).
Јапонецот Сугита беше подобар од Сок со 6:1, 7:6, 5:7, 6:3, Британецот Едмунд го совлада Андерсон со 6:7, 6:3, 3:6, 6:3, 6:4, домашниот тенисер Ебден се проби во второто коло по триумфот над Иснер со 6:4, 3:6, 6:3, 6:3, Бемелманс од Белгија излезе како победник во дуелот со Пуе со 6:4, 6:4, 6:7, 7:6, а Нишиока во пет сета го доби Колшрајбер (6:3, 2:6, 6:0, 1:6, 6:2).
Белинда Бенчиќ, сепак, го приреди најголемо изненадување на првиот натпреварувачки ден на Австралија опен. Швајцарката во првото коло ја порази Венус Вилијамс со 6:3, 7:5.
„Ова е неверојатно. Нивото на игра беше одлично. Пресреќна сум што конечно го дочекав мојот момент по четирите порази од Венус во минатото. Овојпат ја искористив приликата“, рече Бенчиќ по големиот триумф.
Надал, речиси, и да не се испоти во мечот со Естрела Бургос од Доминиканската Република. Шпанецот загуби по еден гем во трите сета и во второто коло Аргентинецот Леонардо Маер. Проблеми немаше ниту третиот носител Григор Димитров во натпреварот со австрискиот квалификант Денис Новак (6:3, 6:2, 6:1).
Австралија опен
Мажи, 1 коло
Надал (1., Шпанија) – Естрела Бургос (Доминиканска Република) 6:1, 6:1, 6:1
Димитров (3., Швајцарија) – Новак (Бугарија) 6:3, 6:2, 6:1
Чилиќ (6., Хрватска) – Поспишил (Канада) 6:2, 6:2, 4:6, 7:6
Сугита (Јапонија) – Сок (8., САД) 6:1, 7:6, 5:7, 6:3
Карењо Буста (10., Шпанија) – Кублер (Австралија) 7:5, 4:6, 7:5, 6:1
Едмунд (В. Британија) – Андерсон (11., Ј. Африка) 6:7, 6:3, 3:6, 6:3, 6:4
Цонга (15., Франција) – Кинг (САД) 6:4, 6:4, 6:1
Ебден (Австралија) – Иснер (16., САД) 6:4, 3:6, 6:3, 6:3
Кирјос (17., Австралија) – Дутра Силва (Бразил) 6:1, 6:2, 6:4
Бемелманс (Белгија) – Пуе (18., Франција) 6:4, 6:4, 6:7, 7:6
Милер (23., Луксембург) – Делбонис (Аргентина) 7:5, 6:4, 6:3
Шварцман (24., Аргентина) – Лајовиќ (Србија) 2:6, 6:3, 5:7, 6:4, 11:9
Руд (25., Норвешка) – Алис (Франција) 6:3, 3:6, 6:7, 7:5, 11:9
Нишиока (Јапонија) – Колшрајбер (27., Германија)
Џумхур (28., БиХ) – Лоренци (Италија) 3:6, 2:6, 7:6, 6:2, 6:4
Рублев (30., Русија) – Ферер (Шпанија) 7:5, 6:7, 6:2, 6:7, 6:2
Куевас (31., Уругвај) – Јужњи (Русија) 7:6, 6:3, 7:5
Жени, 1 коло
Возњацки (2., Данска) – Бузарнеску (Романија) 6:2, 6:3
Свитолина (4., Украина) – Јоровиќ (Србија) 6:3, 6:2
Бенчиќ (Швајцарија) – В. Вилијамс (5., САД) 6:3, 7:5
Остапенко (7., Летонија) – Скијавоне (Италија) 6:1, 6:4
Бабош (Унгарија) – Вандевеј (10., САД) 7:6, 6:2
Ј. Гергес (12. Германија) – Кенин (САД) 6:4, 6:4
Жанг (Кина) – Стивенс (13., САД) 2:6, 7:6, 6:2
Пављученкова (15., Русија) – Козлова (Украина) 3:6, 6:4, 6:3
Рибарикова (19., Словачка) – Таунсенд (САД) 6:0, 7:5
Касаткина (22., Русија) – Шмедлова (Словачка) 6:0, 6:3
Гаврилова (23., Австралија) – Фалкони (Италија) 6:1, 6:1
Канепи (Естонија) – Цибулкова (24., Словачка) 6:2, 6:2
Костјук (Украина) – Пенг (25., Кина) 6:2, 6:2
Бертенс (30., Холандија) – Белис (САД) 6:7, 6:4, 6:2
Бегу (Романија) – Макарова (31., Русија) 3:6, 6:4, 8:6
Контавеит (32., Естонија) – Круниќ (Србија) 6:4, 7:5