Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија опен како судир на генерации: Шест полуфиналисти со 30+

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почетокот на новата сезона, според многумина, беше означена како проштална за дел од славните имиња на тенискиот спорт што сè уште се присутни на АТП и на ВТА турот. Но, ако се суди по завршницата на Австралија опен, изгледа ќе треба да почекаме до нечија одлука за пензионирање. Наместо сигнали за повлекување, сведоци сме на енергија, жар и страст кај, условно, ветераните во однос на помладите генерации.

Фото: ausopen.com

Немаше гренслем во последните пет децении со повеќе од тројца полуфиналисти со преку 30 прославени родендени. Во Мелбурн ги има шест од вкупно осумте во машка и во женска конкуренција – Швајцарците Роже Федерер (35) и Стан Вавринка (31), Шпанецот Рафаел Надал (30), Американките Серена Вилијамс (35), Венус Вилијамс (36) и Хрватката Мирјана Лучиќ-Барони (34). Останатите двајца имаат по 25 години – Бугаринот Григор Димитров и Коко Вандевеге од САД.

Фото: ausopen.com

Просечна возраст на сите нив е 32 години или одделно гледано 31 во машка конкуренција и 33 во женска што е прв случај во професионалната Опен ера. Со нивните пласмани до самата завршница јасно дадоа до знаење дека сè уште има што да понудат на сцената меѓутоа и дека рангирање на АТП листата и младоста значат помалку од врвните квалитети што ги поседуваат сестрите Вилијамс, Надал, Федерер.

Фото: ausopen.com

Сите имаат и нешто заедничко. Во Мелбурн пристигнаа по подолги паузи поради повреди пришто, освен што успешно се рехабилитирале, очигледно и акумулирале доволно свежина за нов јуриш кон уривање на сопствените и на апсолутни рекорди во т.н. „бел спорт“.

Фото: ausopen.com

Денеска ќе бидат познати финалистките кај девојките. Венус Вилијамс ќе игра со сонародничката Коко Вандевеге (четврток, 04 часот), по нив на „Род Лејвер арена“ ќе излезат Серена Вилијамс и Мирјана Лучиќ-Барони (четврток, 05,30 часот). До пладне ќе биде познат и првиот финалист кај мажите по швајцарската пресметка меѓу Федерер и Вавринка што е закажана за 09,30 часот.

Фото: ausopen.com

 

Австралија опен Венис Вилијамс гренслем Роже Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.