Во Австралија почна евакуација на илјадници луѓе кои се наоѓаат на островите на тропските североисточни делови на земјата, додека залихите на вода исчезнаа два дена откако силниот циклон „Деби“ го опустоши тој регион.
Десетици илјади луѓе и натаму се без електрична енергија во државата Квинсленд, каде властите издадоа нови предупредувања и повикаа на евакуација поради обилните дождови кои се очекуваат по ударот на силниот циклон.
„Доаѓа дожд, силен дожд“, рече претставникот на Службата за вонредни ситуации во Квинсленд.
Циклонот „Деби“ во вторникот ја погоди Австралија загрозувајќи ги туристичките одморалишта, при што ги урна далеководите, ги уништи полињата со шеќерна трска и ги затвори рудниците со јаглен во таа австралиска држава.
Бурата, која сега е со послаб интензитет, од Квинсленд продолжи кон државата Бризбејн, а при тоа и таму предизвика поплави и ја принуди владата да затвори повеќе од 2.000 училишта.
https://www.youtube.com/watch?v=M7NBowVu9fQ