Австрискиот парламент усвои декларација во која се бара “праведна и солидарна“ распределба на бегалците во државите од ЕУ.
На синоќешната вонредна седница која заврши многу доцна, темата на расправа беа мигрантите кои се обидуваат преку Медитеранот да стигнат во Европа.
Според австрискиот канцелар Вернер Фајман, треба да се постави квота за прием на азиланти, бидејќи како што вели тој, медитеранските води станаа “масовни гробишта“ за луѓето кои се обидуваат да стигнат во Европа. Тој напомена дека сепак тие бегаат од војна.
Засега Грција, Италија и Малта се соочуваат со најтешки проблеми, бидејќи според “Даблинското правило“, земјата во која бегалецот прв ќе стапне, е должна да го згрижи.
Затоа Фајман бара фер однос при распределбата на бегалците.



