Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија денеска гласа за избор на нов претстедател

0
By Нова ТВ on December 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Низ цела Австрија утринава во осум часот се отворени сите избирачки места .Се бира претседател, а 6, 4 милиони граѓани имаат можност ад изберат меѓу Норберт Хофер кандидат на десничарската Слободарска партија и Александар,  ван дер Белен, кандидат подржан од партијата на Зелените.

Утринава отворенис е 9551 гласачко место од вкупно 10 292 гласачи, а од 10 часот се отвараат сите гласачки места.  Првите резултати од гласањето ќе бидат соопштени некаде околу 17 часот, кога ќе бидат избројано 40 проценти од гласовите.

Ова е трет обид Австријците да изберат претседател на државата, откако поради проблеми со избирачкиот материјал, изборите двапати беа одложени.

Гласачите во Австрија првиот пат излегоа на избори на 24 април, кога избираа меѓу шестмина кандидати.

Притоа најголем број од гласовите освои кандидатот на Слободарската партија (ФПО) Норберт Хофер, а на второ место беше поранешниот лидер на Зелените Александер ван дер Белен.

Двајцата влегоа во вториот круг од изборите, одржан на 22 мај, но исходот е поништен од страна на Уставниот суд врз основа на жалбата од ФПО поради бројни неправилности.

Имено Уставниот суд констатира кршење на изборниот закон затоа што гласачките либчиња кои стигнувале по пошта во одредени општини се изброени пред одредениот рок.

Според законот, гласовите пристигнати по пошта треба да се пребројат ден по изборите, а не како што било на одредени места, уште истата вечер.

Во поништениот втор круг Ван дер Белен тесно го победи Хофер, благодарение на овие гласови.

Како нов датум за претседателските избори беше одреден 2 октовмри, но се појави нова причина за одложување – лепакот на ковертите за испраќање на гласачките ливчиња не лепел како што требало.

Утврдено е  врз основа на гласовите кои пристигнале дека коверите лесно се одлепуваат што според важечките закони е причина гласот да се прогласи за неважечки.

Министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка објасни дека се работи за нов облик на коверти кои се лепат од повеќе страни и предложи за претстојното гласање да се користи модел од 2009 година.

На изборите право на глас имаат австриските државјани со наполнети 16 години.

Едно е сигурно дека и доколку утре се избере претседател тој нема да стапи на должност до следната година.

По изборот потребно е да поминат роковите за жалби, пред победникот да положи заклетва и да преземе функцијата.

Инаку Австрија е без претседател веќе половина година откако од должноста поради истек на вториот мандат си замина Хајнц Фишер, на почетокот на јули.

 

Австија гласа избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.