Долниот дом на австрискиот парламент вчера ги усвои измените во Законот за правната положба на странските државјани, кои ќе им овозможат на властите да ја проверуваат содржината на мобилните телефони на мигрантите, да ги приведуваат илегалните, кои ја игнорираат забраната за престој во Австрија, како и да земаат по 840 евра од бегалците.
За заострување на законот едногласно гласаа пратениците од владејачката коалиција, на конзервативната Народна партија и крајно десничарската Партија на слободата.
Сега австриското МВР ќе има овластување да приведува илегални мигранти и да ги апси и да ги задржува шест недели ако немаат документи што дозволуваат престој во Австрија.
Освен тоа, надлежните органи треба да добијат пристап до мобилните телефони на мигрантите за ажурирање на податоци и за проверка на маршрутата, по која пристигнале во Европската унија, за да може непречено да бидат вратени назад прекршителите на Даблинскиот договор. Од бегалците ќе бидат побарани или пак ќе бидат задржувани истовремено со исплатата на социјалната помош, 840 евра како надомест за азил
Во меѓувреме партиите во германската владејачка коалиција постигнаа договор во спорот кој се создаде поради притисокот на баварските конзервативци некои мигранти да се враќаат од германско-австриската граница.
Ова синоќа го соопштил неименуван извор од коалицијата, но детали за договорот не се соопштени.
Геманската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на конзервативната група во Парламентот Фолкер Којдер си заминале од зградата на Парламентот малку пред 21 часот по локално време.
Меркел пред три дена на состанок со баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) успеа да постигне компромис за миграцијата кој предвидува воспоставување транзитни центри на границата на Германија со Австрија.
Од тие центри мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно се регистрирани.




