Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија најавува ограда на границата со Словенија, Чешка протестира

0
By Нова ТВ on October 28, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 28, 2015 18:59

Додека стасуваа информациите за најмалку пет мртви лица од кои три деца во водите помеѓу Грција и Турција, биланс кој најверојатно ќе расте во наредните часови поради тоа што десетици лица паднале во вода, Австрија најави дека ќе направи ограда на својата граница со Словенија. Ова е за прв пат една земја од Шенген зоната да најави дека прави ограда на границата на друга земја која исто така е дел од Шенген.

Виена вели дека тоа го прави за да може да го контролира бранот мигранти.

Словенечкиот премиер Миро Церар потсети дека неговата земја “веќе се подготвила за вакво сценарио” и дека владата е подготвена за крене оргада на границата со Хрватска ако се оцени дека тоа е неопходно. Љубљана додаде дека станува збор за ниска ограда за да се спречи влегувањето на мигрантите преку полињата.

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер изјави дека целта не е да се сопрат мигрантите:

“Станува збор за да се озбеди ред во влегувањето и земјата да може тоа да го контролира а не за затворање на границата”, прецизираше министерката.

Австриската полиција тврди дека работи најдобро што може и смета дека Баварска прави преголема селекција на луѓето кои сакаат да одат во Германија.

И покрај овие зборови, реакција дојде од Берлин кој смета дека Австрија испраќа илјадници бегалци во Баварска без да ја информира Германија. Министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер изјави дека ова однесува на Виена “не е коректно” и побара да биде сменета оваа најава. За Берлин оградите и ѕидовите не се решение.

Берлин тврди дека вратата на земјата ќе остане отворена, но новите мерки ќе доведат до враќање на економските мигранти и пред се десетици илјади кои доаѓаат од Балканот.

Истовремено во повеќе градови во Чешка денес имаше протести против доаѓањето на бегалците. Протести се одржаа во Прага, Брно, Либерец, Усти-над-Лабем и Острава а според полицијата имало 3 до 5 илјади луѓе.

Чешките власти добија деновиве сериозни критики од повеќе меѓународни институции и од Обединетите Нации поради деградирачкиот третман во центрите за бегалците во оваа земја. Критики на чешка адреса се испраќаат од повеќе институции и хуманитарни организации поради овој третман и исламофобските изјави на дел од чешкото раководство помеѓу кои и оние на претседателот на државата Милош Земан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.