Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрискиот весник „Винер Цајтунг“, со 320-годишна традиција, престанува со печатење

0
By Соња Крамарска on April 28, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрискиот парламент одлучи да го прекине печатењето на „Винер цајтунг“, еден од најстарите дневни весници во светот, што во иднина ќе се чита само во дигитална форма.

Дневниот весник, со 320-годишна традиција, отсега да се печати само како месечник одлучи конзервативно-зелената коалиција, и покрај острите критики од уметниците и од опозициските партии.

Дневниот весник е основан во 1703 година, тогаш под името Wienerisches Diarium (Виенски дневник) и бил службен весник на Хабсбуршката монархија.

Во 2021 година, владејачката коалиција одлучи весникот, во сопственост на австриската Влада, да престане да објавува огласи на компании, што беше главниот извор на неговото финансирање.

„Весникот има повеќе читатели над 90-годишна возраст, отколку под 30“, изјави министерката за семејство и медиуми, Сузане Рааб, од конзервативната Австриска народна партија (ÖVP).

Австриската писателка и добитничка на Нобеловата награда Елфриде Јелинек и уметникот Андре Хелер се дел од истакнатите поединци кои се обидуваа да го зачуваат печатеното издание.

Опозициските претставници ја критикуваа одлуката бидејќи сметаат дека со неа се осиромашува медиумскиот простор.

„Тоа е удар за медиумската политика и култура“, кажа заменик-претседателот на Социјалдемократската партија (СПО) Јерг Лајхтфрид.

извор: МИА

Австрија Винер Цајтунг престанува со печатење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.