Автомобилската индустрија е во големи проблеми речиси една година поради недостиг на чипови. Иако голем дел од производството е пренасочено кон исплатливи SUV модели, а профитот е ист, ако не и поголем (сите ги покачија цените на новите возила), долгорочните последици ќе се почувствуваат. Помалата продажба значи и тежок опстанок за овластените сервиси во иднина, кои ќе работат со многу помалку возила, пишува Revijahak.
ASML е најголемата компанија за производство на литографски машини за правење чипови, а нејзиниот лидер Питер Венинк тврди дека ситуацијата е толку драматична што некои индустриски производители купуваат машини за перење и им отстрануваат чипови и ги вградуваат во своите производи.
Венинк не сакаше да именува за кои компании станува збор, но нема сомнеж дека меѓу нив има и автопроизводители, бидејќи тие сепак го прават најскапиот производ и се исплати да се купи машина за перење.