Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авторите на Културниот центар во Преспа: Направивме проект кој нема да и штети на природата

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На местото на кое што беше потпишан Преспанскиот договор ќе се гради Културен центар кој ќе ги промовира европските демократски вредности и ќе создаде простор за продлабочување и реализирање на идеите запишани со Преспанскиот договор.

Центарот е и иницијатива на локалната невладина организација „Преспа ГРАД“ која ги обединува сите граѓански потенцијали со идеи и желба за развој на проекти од значење за развој на регионот преспа во трите држави кои ги делат водите на Преспанското Езеро.

Фронтлајн направи интервју со архитектите и креатори на идејниот проект за овој Културен центар, дипломиран инженер архитект Ивана Белчева и доктор архитект Дамјан Кокалевски.

Во ова интервју, Ивана и Дамјан ни раскажаа каква ќе биде програмата, содржината и функцијата, од каде црпеле инспирација и какво значење ќе има овој проект за културниот развој и за граѓаните за кои е наменет.

„Идејата за Преспа форумот доаѓа од една поголема и поопсежна иницијатива чија што главна цел е формирање на платформа, односно нова институција која што ќе биде базирана на европските демократски вредности и која што ќе ги зрачи тие вредности. Идејата за Преспа форумот е всушност да се направи регионална соработка од една страна помеѓу трите држави, Република Северна Македонија, Грција и Албанија и идејата е да се опросторат сите тие вредности и критериуми кои што се запишани со Преспанскиот договор, а тоа се пред сè идеите за размени на идеи и искуства, за почитување, за регионална соработка и за промовирање на Европски вредности.“

„Мислам дека ова е прилика што еднаш во животот доаѓа. Мислам дека ваков проект е од исклучителна важност за целиот регион. Ние овој проект го гледаме како просторна врска буквално меѓу ЕУ и Северна Македонија и Македонија и регионот. Сметаме дека има огромен потенцијал преку градењето на ваков проект да станеме лидер во регионот во градење на меѓународни и добрососедски односи. На повеќе нивоа овој проект беше огромен предизвик за нас како млади архитекти, да имаме шанса да дадеме свое мислење за тоа како би требало една современа институција да функционира и да изгледа, е секако, неповторлива шанса“, изјави Дамјан.

„Навистина беше комплексна темата бидејќи требаше се да се спои заедно, да има еден тек, а од друга страна не сакавме да се наруши природата, околината, флората и фауната. Неговата употреба за околните граѓани ќе има многу големо значење затоа што од страна на македонскиот дел ќе биде отворена територија за трите држави каде што најпрво младите ќе имаат различна визија за тоа како се конструираат границите. Мислам дека ќе биде добар елемент што секој ќе може да го искористи за да работи на некаква теза, објект во кој што имаме дигитална библиотека, мислам дека во Македонија нема такво нешто, каде што ќе може да истражува, да биде дел од природата, а воедно да има и време за себе, да ги проба локалните јадења и да се запознае со локалното население.


Неговата цел е да стане една работилница за генерирање идеи, планови и нивна реализација“, вели Ивана.

Преспа Преспанско Езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.