Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајка: Претседателката, штркот и царот

0
By Zoran Ivanov on February 6, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 6, 2026 11:47
Андреј Жерновски: Настапот на претседателката на Глобалниот форум во Дубаи, благодарејќи на кој дознавме дека нејзиното презиме потекнува од Силјан Штркот и дека штрковите всушност не носат бебиња, кај многумина предизвика едно чувство што тешко може да се игнорира.

Проблемот не е во народните приказни. Тие се дел од нашиот културен идентитет и колективна меморија. Проблемот е моментот, местото и контекстот. Кога претседател на држава одлучува на меѓународна сцена да раскажува анегдоти, наместо да испрати порака со политичка тежина, тогаш приказната станува алегорија – но не онаа што таа ја избрала.
По сите нејзини досегашни настапи и гафови, кои веќе не се ни добројуваат, никако да се оттргнеме од впечатокот дека нејзиниот мандат не нè потсетува на „Силјан Штркот“, туку на една друга позната народна приказна – „Голиот цар“.
Во таа приказна, царот не е исмејуван затоа што е гол, туку затоа што сите околу него се преправаат дека не го гледаат очигледното. Аплаузот е гласен, уверувањата се сериозни, а реалноста – сосема спротивна. Слично е и денес: секој нов настап безуспешно се претставува како „оригинален“, „освежувачки“ или „автентичен“, додека јавноста со наведната глава гледа дека државата го губи авторитетот и кредибилитетот.
Ова не е личен напад, туку јавна констатација. На меѓународна сцена не се настапува со измислени приказни за потеклото на презимето или просветлувања за тоа што (не) носат штрковите, туку за да се каже што носиме ние – како држава, како политика, како визија. Ако воопшто ја имаме. А кога тоа недостига, тогаш и најдобрата приказна станува потсетник дека царот е гол, а државата заслужува многу повеќе од аплауз за гафови.
Извор: Фејсбук
андереј жерновски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.