Реал Мадрид ќе почне со одбрана на титулата во Лигата на шампиони од групата Х. „Кралевите“ за противници ги добија Борусија Дортмунд, Тотенхем и АПОЕЛ во една од неколкуте конкуренции што ќе привлечат најголемо внимание во сезоната 207/18. Ова е само дел од епилогот од денешната ждрепка во „Грималди форум“ во Монако за главната фаза во елитното натпреварување на УЕФА.
Баерн Минхен и ПСЖ е дербито во групата Б во која се сместија уште Андерлехт и Селтик.
Франческо Тоти, кој учествуваше во извлекувањето на топчињата, ја втурна својата Рома да брка осминафинале низ пресметки со Челзи и со Атлетико Мадрид во групата Ц во која ќе игра и дебитантот Карабаг.
Јувентус, пак, налета на Барселона во групата Д што ја дополнуваат уште Олимпијакос и Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски.
Жозе Мурињо, се чини, има најмногу причини за задоволство по ждрепката во Монако. Неговиот Манчестер јунајтед заврши во групата А со Бенфика, Базел и московска ЦСКА.
Новата сезона почнува на 12/13 септември, финалето е на 26 мај догодина на Олимпискиот стадион во Киев.
Лига на шампиони – сезона 2017/18
Група А: Бенфика (Португалија), Манчестер јунајтед (Англија), Базел (Швајцарија), ЦСКА Москва (Русија)
Група Б: Баерн Минхен (Германија), ПСЖ (Франција), Андерлехт (Белгија), Селтик (Шкотска)
Група Ц: Челзи (Англија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Рома (Италија), Карабаг (Азербејџан)
Група Д: Јувентус (Италија), Барселона (Шпанија), Олимпијакос (Грција), Спортинг Лисабон (Португалија)
Група Е: Спартак Москва (Русија), Севилја (Шпанија), Ливерпул (Англија), Марибор (Словенија)
Група Ф: Шахтјор Доњецк (Украина), Манчестер Сити (Англија), Наполи (Италија), Феенорд (Холандија)
Група Г: Монако (Франција), Порто (Португалија), Бешикташ (Турција), Лајпциг (Германија)
Група Х: Реал Мадрид (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Тотенхем (Англија), АПОЕЛ (Кипар)
Термини за натпревари
1 коло – 12/13 септември
2 коло – 26/27 септември
3 коло – 17/18 октомври
4 коло – 31 октомври/1 ноември
5 коло – 21/22 ноември
6 коло – 5/6 декември
Осминафинале, први мечеви – 13/14 февруари и 20/21 февруари
Осминафинале, реванши – 6/7 март и 13/14 март
Четврт-финале, први мечеви – 3/4 април
Четврт-финале, реванши – 10/11 април
Полуфинале, први мечеви – 24/25 април
Полуфинале, реванши – 1/2 мај
Финале – 26 мај на Олимписки стадион во Киев (Украина)