Претседателот на САД, Џо Бајден ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина. Тој порача дека нема да испраќа војници по нив во случај на напад на Русија.
Бајден за „Ен-Би-Си њуз“ рече дека работите може да излезат од контрола, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот Стејт Департмент претходно ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемени закани од воена акција на Русија“.
Не патувајте во Украина поради засилени закани од руска воена акција и ковид-19, се наведува во советодавните насоки на Стејт Департментот.
Се наведува дека Американците кои се наоѓаат во Украина би требале веднаш да ја напуштат земјата по комерцијален пат или во сопствена режија, пренесува „Ројтерс“.
Русија во повеќе наврати негираше оти планира да ја нападне Украина, но поради распоредување на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница , поедини земји, вклучувајќи ги и САД, тврдат дека Украина би можела да биде нападната во било кој момент.




