Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден: Путин е агресор кој одбра војна, немам план да разговарам со него – најавувам строги санкции!

0
By Mirjana on February 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
Џо Бајден
Џо Бајден
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа прес конференција на која рече дека Путин избрал војна и немал намера да разговара со него. Тој е уверен дека две третини од светот не ја поддржуваат руската воена интервенција и очекува санкциите кои ги нарече остри, да вродат со плод иако , како што потенцира, можеби најголем притисок ќе се извршело со санкции кон руските банки но дека Европа во целост не се согласила со тоа.

Бјаден нагласи дека Путин со месеци наназад трупал војници на границата со Украина и ги отфрлал дипломатските напори на САД и сојузниците.

„Тие ја обвинија Украина за геноцид и агресија, Ги призна т.н. републики на украинска територија.Путин објави војна и за само неколку моменти проектилите почнаа да паѓаат врз Украина. Путин е агресорот кој  ја избра оваа војна и сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците. Денеска најавувам строгу санкции. Само што разговарав со лидерите на Г- 7 ќе ја ограничиме способноста на Русија да работи во долари, фунти и евра“ рече Бајден.

„Агресијата на Путин против Украина на крајот ќе ја чини Русија скапо економски и стратешки. Изборот на Путин да направи тотално неоправдана војна против Украина ќе ја остави Русија послаба, а остатокот од светот посилен“, додаде американскиот претседател.

Тој уште изјави дека го овластил распоредувањето на воздушните и копнените сили во Европа на источното крило на сојузниците и ја потврди посветеноста на Соединетите држави да го бранат НАТО.

„САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО со целосната сила на американската моќ“, изјави Бајден.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бајден нагласи дека односите со Русија се загрозени и ако Русија продолжи така односите ќе бидат уште полоши.За кинеската улога за надминување на воената агресија, Бајден одби да одговори а на прашањето дали контактирал со Индија, рече дека тоа ќе го направи допрва.

(М.Т.)

 

Бајден прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.