Published: Friday, March 25, 2016 10:25
Потпретседателот на САД Џозеф Бајден порача дека жали за цивилните жртви во бомбардирањето на НАТО во 1999.година и во текот на војните во 90 тите години.
Ова како што се наведува во соопштението од Белата куќа Бајден му го пренел на српскиот премиер Александар Вучиќ во телефонски разговор.
Бајден и Вучиќ телефонски разговрале вчера, кога Србија одбележуваше 17 години од почетокот на бомбардирањето на поранешна СР Југославија.




