Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бакојани:Каменос два пати прифати сложено име со географска одреденица

0
By Нова ТВ on December 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 20, 2017 11:23

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифати сложено име со географска одредница за спорот за името, објави на својот налог на Твитер, поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

Каменос вчера, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“.

– Каменос два пати за време на владеењето на Караманлис гласаше за сложено име, со географска одредница, ерга омнес, што беше национална позиција, прифатена од сите, освен од Лаос, со која заминавме на Самитот во Букурешт, вели пратеничката од опозициската грчка Нова демократија.

Каменос вчера при посетата на воениот камп Далипи во Солун, истакна дека остануваат на позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција. За промена на таа позиција, според него, ќе биде неопходен нов состанок со сегашниот претседател Прокопис Павлопулос.

Ставот на Каменос, според грчките медиуми, предизвикува загриженост и во редовите на владејачката СИРИЗА, на премиерот Алексис Ципрас.

Аналитичарите во Грција коментираат дека Каменос предизвикал нервоза во СИРИЗА и сметаат дека ова е време, кога „Ципрас мора конечно да интервенира во однос на Каменос“. Ставот на Каменос за спорот со името, според нив, може да ги поткопа темелите на владејачката коалиција.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, пак, вчера во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис.

– Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис што значи дека ниту ние ниту тие ќе добијат се. Мора да најдеме компромис кој е прифатлив за двете страни и ќе го издржи тестот на времето, вели Коѕиас.

Запрашан за изјавата на Каменос, Коѕиас одговара дека секој има право на свое мислење, но верува дека во грчкиот Парламент е потребно и постои мнозинство пратеници, а не мнозинство партии за евентуалниот договор за името.

Грчката опозиција веќе неколку месеци предупредува дека не може да има различни ставови меѓу владините коалициски партнери во однос на едно од најглавните надворешно-политичко прашање на Грција.

Најголемата опозициска партија Нова демократија внимателно го следи развојот на настаните по ова прашање и пред се ставот на Каменос.

– Прво да видиме што ќе биде договорено. Ако Панос Каменос не даде поддршка, тогаш и ние нема да дадеме поддршка. Потребено е Владата да го усогласи ставот за тоа прашање, изјавил пратеник од Нова демократија.

„Прото тема“ објавува дека раководството на владејачката СИРИЗА, сепак, ќе се обиде да обезбеди поддршка од останатите партии за да се постигне некакво единство. Поддршката најверојатно ќе се бара главно во редовите на парламентарните групи на Нова демократија и Демократскиот блок – ПАСОК, Демократска левица и Потами.

Бакојани име Каменос преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.