Специјализиран портал за ракомет „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) донела одлука за забрана за настап на македонскиот првак Вардар во Лигата на шампиони во сезоната 2022/23.

Неофицијално, таквата причина е образложена со несредената финансиска ситуација, која го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

Според „balkan-handball.com“, ЕХФ лани, сепак, му прогледа низ прсти на клубот од СЦ „Јане Сандански“. Офијалната одлука се очекува до крајот на неделата.