Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Балканофилмофилија“ од утре до недела во Кинотека на Северна Македонија

0
By Mirjana on September 30, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа, SEE a Paris (www.seeaparis.com), што во Париз, се одджува од 2011 година, под покровителство на Министерство за култура на Франција, во Берлин од 2015 година на Универзитетот Хумболт, а од 2020 година, и во САД, во соработка со Американскиот Универзитет во Вашингтон, од оваа година преку победниците во трите светски центри, а под наслов „Балканофилмофилија“ ќе биде прикажан пред публиките на повеќе балкански центри, почнувајќи од Скопје на 1, 2, и 3 октомври во Кинотеката.

Како што информираат организаторите на филмскиот фестивал, за фестивалот пишувале водечки европски весници (Монд, Гардијан, Франкфуртер алгемајне цајтунг, Стандард и други), а најтиражниот француски неделник Телерама во својот опсежен приказ со наслов „Фестивал што со филм го пацифизира Балканот“ ја даде вистинската димензија на мисијата на оваа манифестација, која повеќе од една деценија е отворен прозорец за афирмација на новите филмски имиња во долгометражниот, краткиот, документарниот и анимираниот филм.

Во досегашната историја на фестивалот, прикажани се над двеста играни и над четиристотини документарни, кратки и анимирани филмови.

Покрај редовната селекција во која учествуваат врвни имиња од филмската уметност на земјите на Југоисточна Европа, фестивалот ги вреднува со награди за животно дело филмските легенди во областа на режијата, како што се Вељко Булајиќ, Душан Макавеев, Лучијан Пинтилие, Боро Драшковиќ, Кујтим Часку и легендарните актери и актерки, Мики Манојловиќ, Цветана Манева, Мето Јовановски, Арта Доброши, Раде Шербеџија, Милена Зупанчич …чии што портрети се прикажуваат пред публиката во трите светски центри.

По презентацијата во Скопје, Балканофилмофилија ќе продолжи во Подгорица,Тирана, Белград, Софија, Букурешт.. низ геслото „Балканот е срцето на Европа”.

„Балканофилмофилија“ Кинотека од утре
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.