Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Балканската рута“ под полна пареа: Откриени 148 мигранти во два одвоени случаја

0
By Нова ТВ on August 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 12, 2020 12:34

Вкупно 148 мигранти во товарни возила се откриени во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаја. Во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, полицијата откри 103 лица од Пакистан, од Авганистан, од Индија, од Египет, од Иран и од Сирија, а кај „Врело“ во село Ваксинце, Липково, уште 45 мигранти од Сирија, од Бангладеш, од Сомалија, од Пакистан и од палестинските територии.

Од МВР денеска информираат дека од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик вчера во 08:50 часот било сопрено патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

„Возачот на товарното возило, А.М. (37) од Липково се дал во бегство, но кратко потоа бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија. Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка“, стои во соопштението и се додава дека за настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за натамошна постапка.

Синоќа, пак, во 19:10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во село Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство.

„Во возилото биле пронајдени 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и палестинските територии. Мигрантите се сместени во транзитниот центар „Табановце“ за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, појаснуваат од МВР.

балканска рута Мигранти полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.