Генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун смета дека страдањата на Ерменците пред 100 години за време на Османлиското царство, претставува “ужасно зло“ но го критикуваше папата Францис кој неодамна рече дека убиствата на Ерменците бил првиот геноцид на 20.век.
Според портпаролот на ОН, Стефан Дујарик Ки мун верувал дека комеморациите закажани за во Ерменија и другите земји треба да бидат продолжение на соработката помеѓу Ерменија и Турција со цел да се одредат фактите за тоа што се случувало во 1915 година со цел слични злосторства да не се случуваат во иднина.
Бан Ки мун за сега не планира да формира комисија која ќе се занимава со ова прашање.
Во неделата, папата Францис по повод одбележувањето на 100-годишнината од злосторствата над Ерменците во Османлиското царство, рече дека се работело за геноцид, по што Турција реагираше и на разговор го повика претставникот на Ватикан во Анкара како би го изразиле незадоволството.
Според папата, минатиот век геноцид имало во нацистичкиот и сталинистичкиот режим, а во поновата историја, рече дека такви злосторства се извршени и во Камбоџа, Руанда и Босна и Херцеговина.




