Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун предупреди дека ограничувањата на балканскиот пат на бегалците претставуваат кршење на меѓународните Конвенции за статусот на бегалците.
Тој е свесен за притисокот со кој се соочуваат многу европски држави но ги повикува сите да ги држат отворени нивните граници и да делуваат во духот на подлеба на одговорноста и солидарноста вклучително и легалните патишта за добивање на статусот азилант, изјави во петокот портпаролот на Бан Ки-мун.
Шефот на ООН е загрижен поради сите ограничувања на балканската рута и смета дека тие не се во согласност со Конвенцијата за бегалците од 1951 година и нејзиниот протокол од 1976 година бидејќи “индивидуалното определување на бегалскиот статус и проценката за индивидуалните потреби за заштита не се овозможени”.
Тој бележи дека бројот на барателите на азил кои од Турција влегуваат во Грција не се намалува а затворањето на границите за става Грција ви тешка ситуација. Во Турција веќе престојуваат 2.6 милиони бегалци. Бан Ки-мун потсетува дека најголемиот број бегалци се наоѓаат во земјите во развој и потсетува на неопходноста за поделба на одговорноста на глобално ниво.




