Published: Thursday, October 24, 2019 09:41
Судот во Бангладеш денеска осуди 16 лица на смртна казна поради убиство на 19-годишна девојка.
Нусрат Јахан Рафи беше жива запалена откако пријавила сексуално вознемирување.
Судењето во дистриктот Фени, југоисточен Бангладеш, траеше од јуни, а помеѓу осудените се и учителот на убиената девојка и тројца нејзини другари од медресата.
Истрагата покажала дека постоел загово за да се замолчи девојката, а во тоа биле вклучени многу можни лица во заедницата.
Ова се смета за случај кој е завршен во рекордно време, имајќи предвид дека во овој дел од светот ваквите случаи траат со години и на крајот завршуваат без правда за жртвите.





