Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барање за јавно извинување, демант и јавно повлекување на вест за Ристе Ставревски

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ристе Ставревски, кандидат за началник на СВР Скопје, преку својот адвокат Панче Тошковски испрати барање за јавно извинување, демант и јавно повлекување на вест за текстот со наслов „Чулев го дава СВР Скопје на началник вмешан во изборни измами“. Барањето за демант го објавуваме во целост:

„На ден 10 јануари, 2020 година, на Вашата интернет страница имате објавено вест со наслов „Чулев го дава СВР Скопје на началник вмешан во изборни измами“, вест која содржи
клеветнички и навредливи изјави за нашиот клиент.

Воедно, освен сензационалниот наслов, во веста имате наведено дека Ристе Ставревски, е лице кое е едно од 20-тината обвинети во случајот „Титаник“, што е целосна неточна информација и претставува клеветничка изјава која го нарушува угледот и честа на клиентот.

Понатаму, во текстот е наведено дека лицето Ристе Ставревски преземал активности надвор од советничките овластувања во МВР за партиски цели, што истакнуваме дека е повторно
клевета, од причина што против Г-дин Ставревски ниту е покрената дисциплинска постапка во рамки на МВР за преземање на активности кои не се од делокругот на неговата работа ниту се јавува во својство на осомничен односно обвинет во било која постапка.

Груба клевета преставува и делот во кој се наведува дека „Тандемот советници Ставревски-Тодоровски бил посветен во фалсификувањето на изборните процеси со цел ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт судејќи според пораките, но и аудио снимките“.

Освен клевети, веста содржи и навреда со изјавата „Едноставно, Ставревски се поставува на позицијата началник на СВР Скопје затоа што покажал извонредна лојалност и придонел во заштита и одржување на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, што е рушење на угледот и честа на професионалец со долгогодишно искуство во МВР, против кој не е водена ниту една постапка во МВР и Јавното обвинителство, ниту пак му е пропишана казна или санкција.

Напротив, Ставревски е лице со долгогодишна кариера, искуство и поседува бројни сертификати кои говорат за неговата професионалност.

Оттука, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 13 и 14, бараме од Вас во целост да ја објавите нашата реакција, да ја повлечете веста со која го нарушивте угледот и честа на нашиот клиент и јавно да се изјавите за невистините и лагите кои ги ширите и со кои ја манупулирате јавноста во име на владеачката политичка
партија“, стои во демантот.

демант Ристе Ставревски СВР Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.