Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бауман за социјалните мрежи: Луѓето не ги користат за да се обединат

0
By Нова ТВ on January 10, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од највлијателните социолози на 20 век, Зигмунт Бауман, почина денеска во Лидс на 91 година. Левичарот, социолог и филозоф беше Евреинг од Полска и дисидент кој избега во ССР која Германија ја нападна Полска. Во Полска станува дел од првата генерација офицери на комунистичката држава и работи во военото разузнавање каде што влегува на свои 19 години. Додека работи во армијата истовремено изучува социологија на Универзитетот за политички и социолошки науки во Варшава. Тој беше лојален на полските комунисти се до 1968 година кога во Полска се случува големата анти-семитска чистка. Тогаш ја напушта државата и се сели во Израел, а подоцна во Велика Британија каде што живее речиси до крајот на својот живот.

Бауман беше голем критичар на глобализацијата. Автор е на повеќе од 50 книги и има добиено многу меѓународни признанија за неговите истражувања во сферата на етиката, конзумеризмот, глобализацијата и модерноста. Го сметаа за човекот кој беше моралниот глас на оние кои го немаат, обесправените и слабите. 

Во своето последно интервју дадено во јануари минатата година, Бауман зборува за социјалните мрежи и опасноста која лежи во нив.

На прашањето дали е скептичен за начинот на којшто луѓето денеска протестираат – на социјалните мрежи и за таканаречениот „фотеља активизам“ на интернет и дали смета дека социјалните мрежи се новиот опиум за народот, Бауман ќе одговори дека тие се страшна стапица која игра на сентиментот на страв од осаменоста која ја донесе ерата на индивидуализмот.

Прашањето на идентитет се промени од нешто со што си роден во нешто што ти е задача: да креирате само ваша заедница. Но заедниците не се креираат, или припаѓате на некоја или не. Она што социјалните мрежи го креираат е супститути, замена за тие заедници. Разликата помеѓу заедница и мрежа е во тоа што вие и припаѓае на заедницата, а мрежата ви припаѓа вам. Чувствувате дека вие сте во контрола. Ако сакате додавате пријатели, ако не ги сакате ги бришете. Вие контролирате кои се важните луѓе со кои ќе се поврзете. Луѓето така се чувстуваат малку подобро затоа што самотијата и напуштањето се најголемите стравови во ерата на индивидуализмот. Но, толку е лесно да додадете или да отстраните пријалите на интернет, што луѓето потфрлуваат во учење на вистинсктие социјални вештини кои ви се потребни кога ќе излезете на улица, кога одите на работа, кога ќе се најдете меѓу многу луѓе со коишто треба да остварите разумна комуникација. Папата Франсис го даде своето прво интервју откако беше избран за Папа на Евгенио Скалфари, италијански новинар и атеист. Тој со ова ни покажа дека вистинскиот дијалог не е во тоа да разговараме со луѓето кои веруваат во истите нешта како и ние. Социјалните медиуми не не учат на дијалог затоа што е толку лесно да се избегнат контроверзи. Но повеќето луѓе не ги користат социјалните мрежи за да се обединат или да си ги прошират хоризонтите, туку напротив, да се отсечат во една комфорна зона каде што единствениот звук што го слушаат е ехото на нивниот глас.  Социјалните мрежи се многу корисни, обезбедуваат и задоволства, но тие се и стапица, ќе одговори тој.

Зигмунт Бауман социјални мрежи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.