Published: Wednesday, May 8, 2019 17:55
Кралското семејство на Британија преку Твитер соопшти дека новородениот син на принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе го носи името Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор.
Актерката Меган Маркл се породи пред два дена. Најмладиот припадник на британската кралска фамилија е седми по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета.
Младите родители за британските медиуми велат дека бебето е многу мирно и дека се остварил нивниот сон.
-Магично е и прекрасно. Ги имам двајцата најдобри момци во светот, навистина сум среќна -изјави Меган.





