НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бечев за НОВА: Русија го користи Балканот за пазарeње со Западот

0
By Борјан Јовановски on March 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Димитар Бечев е професор по европски студии и меѓународни односи и автор на истражувањето за влијанието на руската дипломатија на Балканот кое го направи како стипендист на Харвард Универзитетот. Во интервју за НОВАТВ зборува за актуелните ангажмани на руската дипломатија во Македонија. Во најновиот негов тескт објавен во повеќе светски медиуми, Бечев тврди дека Русија го користи Балканот како адут во нејзиниот натпревар со ЕУ и САД. Во интервјуто за НОВАТВ, Бечев зборува и за односот на новата американска администрација кон Балканот

НОВА: Во најновиот објавен текст спорите со тезите дека е можна нова војна на Балканот која би била поддржана од официјална Москва и сметате дека тоа е блеф на Москва и обид да се пополни вакуумот кој е оставен од Западот, од ЕУ. Зошто ја исклучувате таа можност , Русија се ангажира во едно дестабилизирање на Балканот?

Бечев: Верзиите за војна на Балканот не дојдоа од Русија, туку од Америка, Западна Европа. Значи некои самопрогласени стручњаци за регионот имаа такви сугерирања дека може да се вратиме кон насилство. Русија секогаш ја негирала таа можност и мислам дека Русите се во право. Стратегија е само да се креира нестабилност во регионот и да се користи Балканот како некој адут во трката во натпреварот со САД и со Европа т.е. со Западот. Русија нема ресурси и нема потреба да предизвика војна во нашиот регион.  А мислам и самите елити, држави и влади на Балканот, ако ја имаат таа можност и желба можат да остварат се што сакаат без да прибегнат кон насилство. Русија знае како да ја користи ситуацијата во регионот , таа нестабилност и немоќта на западните фактори и го користи Балканот како инструмент.

НОВА: Невообичаено, во последно време, изминатата година, руското Министерство за надворешни работи се огласува за случувањата за кризата во Македонија, на извесен начин бранејќи ги ставовите на актуелната власт којашто беше компромитирана преку сите аудиоматеријали кои имаше можност јавноста да ги слушне. И деновиве имаат ново соопштение со кое тврди дека Западот во Македонија се обидува да ја реализира големоалбанската платформа. Каков е Вашиот коментар за оваа интервенција на руското МНР?

Бечев: Тие секогаш ја бранеле Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ситуацијата во Македонија ја користат во поголем  дел во однос со западот. Меѓутоа, тоа не значи дека тие се спремни да покажат некоја сериозна поддршка со пари или со политички притисоци. Но секако дека ќе ја искористат ситуацијата. Мислам дека тоа е опортунизам во Русија, секогаш кога има некоја слабост, некој проблем на периферијата на ЕУ, тие да се мешаат во ситуацијата и да му кажат на Западот дека има некои неуспеси, па и комплетната стратегија дека е погрешна. Не мислам дека имаат некој посебен однос со Македонија, со Груевски. Тоа е некој елемент во нивната поголема стратегија кон Европа.

НОВА: Трамп како новоизбран претседател на Америка кој и во кампањата најавуваше дека на извесен начин ќе ги затопли односите меѓу Вашингтон и Москва. Дали тоа приближување со Москва може да се рефлектира позитивно или негативно кон Балканот?

Бечев: Приближувањето не е факт, имаше само некаква реторика. Сега во Кабинетот на Трамп преовладуваат некои луѓе кои имаат потрадиционален став кон Русија. Мислам на новиот советник за национална безбедност, секретарот за одбрана, па дури и Тилерсон.  Така што не очекувам некоја голема промена во американската политика на Балканот и во Европа. Очекувам повеќе од традиционалната политика на Републиканската партија позната и од времето на Буш. Но кога ќе се вратиме малку назад, во 2001 година кога беше избран Буш имаше очекувања во регионот за голема промена, пресврт на политиката кон Србија, имашe очекувања дека Буш ќе заземе просрпски став,  а видовме дека седум години подоцна Буш го призна Косово. Така што и сега нешто слично се случува – имаше големи очекувања за промена, меѓутоа нема ништо порадикално. Иако има соработка, но таа ќе биде повеќе за Блискиот исток нема да биде во Балканот или во Европа.

НОВА: Македонија е очигледно повторно пред длабока криза која може да има сериозни безбедносни консеквенци кои се закануваат да имаат и регионални димензии.  Дали мислите дека во актуелните констелации, Вашингтон и Брисел имаат  кредибилитет и политичка волја да спречат евентуален негативен развој, дестабилизација на регионот која би потекнала од актуелната политичка криза во Македонија?

Бечев: Имаат инструменти, мислам имаат и таква желба. Проблемот е што на Балканот постојат такви луѓе, лидери кои ја користат таа можност за безбедносни консеквенци и за нестабилност како адут во ценкањето со Западот. Доколку ние ги следиме правилата и не создаваме проблеми, нема да има насилство, нема да има војна, вие треба да ни попуштите нам, треба да има компромис со нас, да нема критики во смисла на правна држава, корупција итн. Мислам дека тоа ќе биде некоја стратегија и на Груевски. Кога западот ќе види дека постои голема можност  за насилство во Македонија, Груевски ќе се обиде да го користи како некој вид притисок во ценкањето со Западот, да добие и тој некои компромиси. Тоа е блеф. Затоа да се вратам на мојата теза дека Западот треба да ги игнорира ваквите блефови, да има резистентност на нив.

НОВА: Дали ги има инструментите да биде отпорен и резистентенна тие закани и уцени?

Бечев: Последните години има условување на влијанието на западот, но се зависи од политичката волја. Мислам дека ако има озбилна криза во Македонија, во 5 до 12 ќе има надеж како што беше и со Пржино. Јас сум оптимист дека ќе видиме поголем ангажман барем во краток рок. На долг рок проблемите на Македонија треба да се решат од нејзините граѓани, а не од меѓународниот фактор.

Димитар Бечев Македонија Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.