Одлуките во врска со Договорот за името се во надлежност на Македонија и Грција. Ние како држава одсекогаш сме го поддржувале решението, но крајната одлука не беше наша, истакна денеска амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров коментирајќи ги обвинувањата на демонстрантите упатени до него и САД.
Потсети дека во мај 2016 година повториле, но и сега кажуваат дека вандализмот и насилството не се дел од демократското право.
– Сметаме дека луѓето треба посмирено да се однесуваат за и полицијата демократски да се однесува. Во моментов постои дебата за тоа прашање и се треба да тргне токму од таа дебата, додаде Бејли.