Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Ќе се крати бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

0
By Ivana on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и за за првпат се предвидува нови кадри да се избираат преку јавен повик

-Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15 на седум членови, односно пет во помалите општини, а бројот на членови во надзорните одбори на јавните претпријатија се намалува од сегашните пет на три членови, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот.

Новата регулатива треба да го подобри и изборот на кадри за тие позиции како и да воведе ред во висината на надоместокот кој го земаат членовите на управни и надзорни одбори.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија се воспоставува транспарентност при постапката за избор на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето.

Според законското решение, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страниците на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб-страницата на самото јавно претпријатие три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав.

На јавниот повик ќе може да аплицираат сите граѓани кои ги исполнуваат законските услови за членови на управни и надзорни одбори.

Со предложените законски измени се очекува подигнување на стручноста и професионалноста при управувањето и надзорот на работењето на јавните претпријатија.

Со измените во Законот за јавни претпријатија се зајакнуваат критериумите кои треба да ги исполнуваат идните членови на управни и надзорни одбори во делот на образованието и работното искуство.

Исто така, се воведува законска обврска за формирање на Комисија за селекција, која на најтранспарентен начин ќе ја врши постапката за селекција на сите пријавени кандидати.

Дополнително, Предлог-законот пропишува и услови за разрешување на членовите на управните и надзорните одбор на јавните претпријатија.

Со овие измени се очекува зголемување на ефикасноста во работењето на јавните претпријатија и намалување на секое политичкото влијание при изборот на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, а ќе се овозможи поефикасно управување и надзор на работата на јавните претпријатија. Со тоа ќе се обезбеди и подобрување на услугите кои им се пружаат на граѓаните

Крешник Бектеши Министерство за економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.