Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Не очекуваме од јануари да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата

0
By НОВА ТВ Balaban on October 14, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Би замолил да се воздржиме од шпекулации, без никакви анализи. Нема потреба сега да се крева паника, се што ѝ стои на располагање на РКЕ, на ЕСМ, на МЕПСО и на Владата ќе биде преземено, посочи Бислимоски и додаде дека кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што вчера ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, не очекува по 1 јануари следната година да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и вели дека ќе направат се што им е на располагање за да остане сегашната производна цена на АД ЕСМ, кое ги задоволува потребите на регулираниот пазар.

За домаќинствата, според Бектеши, во Законот за енергетика е предвидена постепена либерализација и потенцира дека ќе се направат дополнителни калкулации од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и сите енергетски институции и компании кои се во сопственост на државата за да се види колкава ќе биде цената на струјата по 1 јануари идната година. Ситуацијата будно се следи и во делот на домаќинствата и не очекуваме да има големи ценовни шокови.

– Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните, рече Бектеши одговарајќи на новинарско прашање на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија и дискусија на тема „Идните предизвици во развојот на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија”.

Во делот на увозот на јаглен за потребите на двете термоцентрали, посочи, дека треба да се почитуваат сите процедури.

– ЕСМ има внатрешни и законски процедури кои треба да ги спроведе за набавка на јаглен од странство. Убеден сум дека тендерот ќе биде успешен зашто веќе имаме искуство со ТЕЦ Осломеј за каде се набавува јаглен од Косово, истакна Бектеши.

На прашањето дали треба да се вклучи ТЕЦ Неготино за да се избегнат евентуални ценовни шокови, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски,  рече дека во моментов се прават сите анализи, бидејќи производната цена за струјата на ТЕЦ Неготино е врзана со цената на мазутот.

– За жал, сега имаме повторно тренд на пораст на цената на нафтата на светските берзи, процес на кој ние не можеме да влијаеме. Доколку постои економска исплатливост и доколку и понатаму продолжат да растат цените на електричната енергија, апсолутно ќе се примени и сценариото за вклучување на термоелектраната доколку цената за производство на ТЕЦ Неготино е пониска од таа што е на пазарот, рече Бислимоски.

Toj повика да престанат шпекулациите дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 50 проценти по 1 јануари.

– Би замолил да се воздржиме од шпекулации, без никакви анализи. Нема потреба сега да се крева паника, се што ѝ стои на располагање на РКЕ, на ЕСМ, на МЕПСО и на Владата ќе биде преземено, посочи Бислимоски.

Тој вели дека кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што вчера ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија.

Состојбата, потенцира Бислимоски, е сериозна, имаме проблем со хидрологијата, во одреден дел и со термоелектраните, но се се решава и на никој не му е ни на крај на памет да не преземе мерки кои стојат на располагање.

– Најодговорно тврдам дека цената на електричната енергија нема да се зголеми за 50 проценти, а никој во моментов не знае колку ќе се зголеми. Оперативните трошоци, амортизација и поврат на капитал се работи кои веќе се определени на Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и на МЕПСО за пренос. Тоа не може да се смени. Може да има притисок врз трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат тендери и ќе видиме кои цени ќе се понудат. Ако цените се превисоки, на располагање ни е концептот преку ЕСМ за набавкана јаглен или доколку има потреба да се вклучи ТЕЦ Неготино, додаде  Бислимоски.

електричната енергија зголемување Крешник Бектеши цената
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.