Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки истакна дека е неможно да се отстрани Русија од Советот на безбедност на Обединетите Нации (ОН) поради нападите во Украина, јави агенцијата „Анадолија“.
Псаки одржа прес-конференција во Белата куќа на која говореше за ситуацијата во Украина.
Во одговор на апелот на украинскиот претседател Володомир Зеленски за востпоставување на зона на забранети летови над Украина, таа истакна дека такво нешто би можело да доведе до директна војна со Русија, додавајќи дека САД го немаат тоа во план.
„Воспоставување на зона на забранети летови над Украина бара и нејзина имплементација. Во основа, американските војници во тој случај ќе мора да соборуваат руски авиони, што би можело да доведе до директна војна меѓу САД и Русија. Тоа сакаме да го избегнеме“, изјави Псаки.




