Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагата за доверливите документи на Бајден

0
By Соња Крамарска on January 18, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот Џо Бајден.

Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градот Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда.

Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален истражител за случајот.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување на детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик информациите, кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни.

„Разбираме дека постои тензија помеѓу потребата за соработка во тековната истрага на Министерството за правда и легитимните барања за дополнителни информации од јавен карактер, така што се обидуваме да го најдеме балансот“, рече Самс.

Портпаролот откри дека Белата куќа примила „неколку писма“ од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за овој случај, ги разгледува и ќе одлучи за нејзиниот одговор во наредниот период.

Министерството за правда одделно го истражува откривањето на високо чувствителни доверливи документи кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во неговото одморалиште на Флорида откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Самс ги критикуваше републиканците за различните реакции на најавите за Трамп и Бајден.

„Тоа се истите републиканци кои не се огласија за начинот на кој Трамп ракувал со доверливите материјали“, рече Семс. „А, и ако се огласеа, тогаш тие често го бранеа тоа“, додаде тој.

документи обвинител Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.