Белата куќа синоќа соопшти дека времено му ја укинува акредитацијата на известувачот од Белата куќа на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен, Џим Акоста.

Одлуката за одземање на акредитацијата на Акоста уследи по вчерашниот вербален судир со американскиот претседател Доналд Трамп за време на прес-конференцијата во Белата куќа посветена на изборите во САД.

Инциднетот се случи кога Акоста му постави прашање на Трамп околу т.н. карван со мигранти од Латинска Америка кои се движат кон САД и зошто тоа го нарекува инвазија. Откако не доби конкретен одговор, и кога Акоста се обиде да постави потпрашање, американскиот претседател само рече „Доволно е„!“, при што службеничка во Белата куќа му го грабаше микрофонот на дописникот на Си-Ен-Ен. Нејзиниот обид меѓутоа беше безуспешен, по што Акоста продолжи со прашањата.

Тоа предизвика нервоза кај Трамп, кој започна да говоро за новинараот со навреди.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс по инцидентот го обвини Акоста за „неприфатливо однесување“ кон службеничката во Белата куќа, која се обиде да му го одземе микрофонот.

Акоста, кој и во минатото влегувал во спорови со Трамп, на Твитер објави дека „му е забранет пристап до Белата куќа“.

Си-Ен-Ен му изрази поддршка на својот новинар, а Асоцијацијата на дописниците во Белата куќа одлуката за одземање на акредитацијата ја оцени како „лош и погрешен чекор“.

– Одземањето на дозволата за пристап до комплексот на Белата куќа е реакција, која е несоодветна со прекршокот за кој се тврди дека е направен и е неприфатлива. Ја повикуваме Белата куќа под итно да го преиспита овој лош и погрешен чекор, се наведува во реакцијата на Асоцијацијата.