Двајца луѓе биле убиени во антитерористичка операција во источниот дел на Белгија, велат локалните официјални лица, како што јавува Би-Би-Си.
Трето лице било повредено во нападот во градот Вервие, според белгиските телевизии. Полицијата уапсила повеќе луѓе.
Сведоците изјавиле дека имало тешки престрелки неколку минути, а најмалку три експлозии.
Според непотврдени извештаи, рациите биле во Брисел и на други места во Белгија.
Еден официјален претставник беше цитиран од страна на новинската агенција АФП кој изјави дека нападот во Вервие е “поврзан со џихадисти “.
“Операцијата е во тек”, изјави извор од канцеларијата на градоначалникот за АФП, но не откри други детали.
Областа околу железничката станица е опколена и извештаи од социјалните медиуми велат дека е големо присуството на полицијата во центарот на градот.
Медиумите објавија дека се работи за осомничени џихадисти, кои неодамна се вратиле од Сирија.
Разузнавањето покажало дека тие планирале напад, се додава во извештаите.
Вервие е во областа на Лиеж и има население од околу 56.000.
Инцидентот се случи една недела по нападите во соседна Франција, во кои загинаа 17 лица.
Белгиските медиуми објавија дека дел од оружјето кое се користело во нападите во Париз било купено во близина на железничката станица Миди во Брисел.
Нападите – на сатиричниот весник Шарли Ебдо, на кошер-пазарот и полицијата – ги зголемија стравувањата за безбедноста во неколку европски земји.
Во мај минатата година, четири лица загинаа во Музејот на Евреите во Брисел од страна на Французин со алжирско потекло.




