Белгија сè уште е земја со најголем број смртни случаи од коронавируси во однос на популацијата, со втор најголем број пациенти зад Шпанија.
Во изминатите 24 часа починаа 238 лица, 49 повеќе отколку претходниот ден, а регистрирани се 1.032 нови случаив – 464 помалку од вчера.
Од избувнувањето на епидемијата, заразени се 45.325 лица, или 3.911 на милион жители, а повеќе од тоа, 4.786 има во Шпанија.
Вкупно починале 6.917 пациенти, односно 597 на милион жители, што е далеку највисока стапка во светот. Втора е Шпанија со 490 смртни случаи на милион жители. Во Белгија и стапката на смртност од 15.26 проценти од вкупниот број заразени е највисока во светот.
Според податоците објавени денес, закрепнале вкупно 10.417 лица, а во изминатите 24 часа, 295. Во единиците на интензивна нега се сместени 934 пациенти, 36 помалку отколку вчера.



