Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиската Влада разнишана, главниот коалициски партнер ја напушти

0
By Нова ТВ on December 9, 2018 СВЕТ
Белгискиот премиер синоќа најави дека НВА, фламанскиот коалициски партнер го напушти мнозинството
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 9, 2018 09:21

Главниот коалициски партнер на белгиската Влада, фламанската националистичка партија НВА, доцна синоќа одлучи да ја напушти извршната власт по денови криза околу Пактот за миграции на ОН.

– НВА го напушти Советот на министри, констатирам дека таа го напушти мнозинството, изјави синоќа премиерот Шарл Мишел по последниот министерски состанок на кој коалициските партнери се обидоа да ја спасат Владата.

Министерските места на НВА ќе им бидат трансферирани на државни секретари, иако за сега е неизвесно точно како тоа ќе се случи, дали Кралот или Парламентот ќе им ги одземе мандатите. Во секој случај, Мишел увери дека сите процедури ќе бидат во согласност со Уставот.

Вкупно со националистите заминуваат тројца министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, како и министерот за финансии, како и двајца државни секретари, од кои едниот беше задолжен токму за миграција и азил, Тео Франкен.

Владината криза изби пред неколку дена кога НВА одби Белгија да стави потпис на Пактот за миграции на ОН кој треба да биде одобрен утре во Маракеш, а на 19 декември треба да биде изгласан во Њу Јорк. Одбивањето на НВА да го поддржи овој Пакт го наведе премиерот Мишел да побара поддршка од Парламентот преку алтернативно мнозинство, без националистите. Шефот на партијата НВА, Барт Де Вевер, го предупреди Премиерот дека доколку замине за Маракеш в понеделник, владата ќе падне.

По маратонски министерски совет синоќа, Мишел потврди дека утре заминува за Мароко за да го “одбрани во име на владата, зборот на Белгија“.

Следните редовни парламентарни избори се планирани во мај 2019 и за сега ниедна партија не изразила волја за предвремени избори. Политички консултации се предвидени по враќањето на Премиерот од Мароко.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.