Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиски медиуми: Северна Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина

0
By Marija Todorovska on April 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2024 11:49

Северна Македонија оди во втор круг од претседателските избори, откако ниту еден кандидат не освои над 50 отсто гласови за да победи во вчерашниот прв круг на гласање. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори, кои би можеле да го дефинираат патот на земјата кон ЕУ, наведуваат белгиските медиуми во своите написи за изборите во земјава.

„Политико“ наведува дека вчерашното гласање покажало „силно поместување“ на гласачкото тело во корист на кандидатката поддржана од коалицијата на „главната опозициска конзервативна партија“ ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Изданието додава дека по преброени 85 отсто од гласовите Силјановска-Давкова беше во водство  со 40,1 отсто од поддршката, додека актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од „владејачката социјалистичка партија“ СДСМ, доби 19,7 отсто од гласовите.

„Еуроактив“ пренесува дека „националистичката кандидатка“ за претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова прогласи победа во првиот круг од претседателските избори, кој е „прв во серијата гласања што би можеле да одлучат дали балканската земја ќе се приклучи на Европската Унија“.

Силјановска-Давкова, која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, извојува победа со речиси 40 отсто, актуелниот претседател Стево Пендаровски од владејачките левоцентристички социјалдемократи (СДСМ) освои близу 20 проценти од гласовите, додава изданието. – Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, но изгледите за Пендаровски се тмурни, оценува „Еуроактив“, наведувајќи дека истиот ден ќе се одржат и парламентарни избори.

– Гласањето за главно церемонијалната претседателска функција се смета за лакмус тест за парламентарните избори следниот месец на кои националистичката ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги урне владејачките проевропски и левоцентристички социјалдемократи, се наведува во текстот.

„Еурактив“ нагласува и дека изборите се одржуваат во време „ќор-сокак меѓу владата и опозицијата кој трае две години, околу тоа како земјата да се справи со соседна Бугарија која го блокира нејзиниот пат кон членството во ЕУ“.

– Односите меѓу Софија и Скопје се затегнати со години поради жестоки спорови околу сличните јазици и историја на двете земји. Во 2022 година, Бугарија се согласи на предлогот на тогашното француско претседателство со Советот на ЕУ за укинување на ветото за почеток на пристапните преговори на Скопје, кога Северна Македонија ќе го додаде бугарското малцинство во Уставот на земјата. Пендаровски и СДСМ се подготвени да ги усвојат амандманите, но немаат мнозинство за тоа во Парламентот. Партијата ВМРО-ДПМНЕ вели дека уставните промени можат да бидат усвоени само откако Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, став за кој владата вели дека е нереален, додава „Еурактив“ во освртот на претседателските избори во земјава.

На прашањето за уставните измени во текстот за изборите се осврнува и весникот „Хет Лацте Њуз“ (ХЛН), кој пренесувајќи ги резултатите од првиот изборен круг, оценува дека претседателските избори би можеле да имаат големо влијание врз промената на Уставот, која е „важна за членството на Северна Македонија во ЕУ“.

Весникот наведува дека земјава е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. – Разговорите за можно членство започнаа во 2020 година, но Бугарија побара од ЕУ да постави одредени барања за членство на Северна Македонија. Европската Унија ги прифати тие барања, со што го стави членството на Северна Македонија речиси целосно во рацете на Бугарија, оценува ХЛН.

Во текстот се нагласува дека едно од бугарските барања е измена на Уставот со кој „ќе се признаат Бугарите, кои во моментов претставуваат етничко малцинство во Северна Македонија“, додавајќи дека уставниот амандман засега не е одобрен.

Весникот наведува дека доколку актуелниот претседател Стево Пендаровски, член на „проевропската владејачка партија СДСМ“, повторно победи, ќе следи ново гласање за ова прашање, додека од друга страна Силјановска-Давкова, членка на „конзервативната опозициска партија“ ВМРО ДПМНЕ, ја отфрла промената на Уставот.

– Според тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ може да значи привремен крај на европскиот сон на Северна Македонија, заклучува „Хет Лацте Њуз“.

белгиски медиуми европска иднина избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.