Истрагата за терористичките напади во Брисел идентификуваше уште еден осомничен за кој се верува дека е поврзан со нив, објави белгискиот дневен весник Морген.
Станува збор за 28 годишниот Сириец Наим ел Хамед, кој се наоѓа на листата која е доставена до безбедносните служби на другите европски земји по нападите во Брисел во вторникот.
На оваа листа уште се наоѓаат Мухамед Абрини, Наџим Лахрауи и Халид Бакрауи.
Белгискиот весник додава дека Хамед е осомничен и за учество во нападите во Париз на 13 ноември минатата година.
Инаку белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за нападите во Брисел.
Телевизиската мрежа Ен Би Си во межувреме објави дека Ибрахим и Халид ел Бакрави кои се осомничени за бомбашките напади на бриселксиот аеродром и во метрото уште од претходно им биле познати на американските служби.
Браќата Бакрави се наоѓале во базата на податоци за терористи на САД.
Претходно е соопштено дека во Франција е спречен терористички напад и дека е уапсен државјанин на Франција осомничен дека е член на екстремистичка група која планирала напади во оваа земја.




