Премиерите на Србија, Бугарија и Романија денес се среќаваат во Софија за да разговараат на бегалската криза и да подготват заеднички став за утрешниот самит на повеќе земји на ЕУ, Србија и Македонија што се одржува во Брисел. Македонскиот претседател кој исто така е поканет на самитот во Брисел не е дел од оваа подготвителна средба.
Според ЕК која е организатор на утрешниот самит “земјите не можат да ја пренесуваат нивната одговорност на нивните соседи, само зеднички европски пристап и соработка можат да донесат резултати”, изјави вчера портпаролот на ЕК.
Преку затворање на границите брановите бранот на бегалци не застанува и “балканскиот пат” се менува и минува низ Хрватска, Унгарија или Словенија.
Балканските земји очигледно почнуваат да се организираат, тврдат во Брисел. Министрите за внатрешни работи се договорија за го подобрат транспортот на бегалците и нивното привремено сместување. Хрватска даде возови кои тргнуваат од Шид во Србија и одат кон Хрватска за бегалците кои со автобус доаѓаат од Македонија и југот на Србија.
На железничката станица во Славонски Брод во наредните десет дена ќе биде отворен центар за регистрација кој има капацитет од 5.000 места. Според српскиот министер Небојша Стефановиќ, повеќе од 300.000 луше минале низ Србија од почетокот на оваа година и сите тие добиле документи за да го продолжат патот.




