Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров најави дека претседателот Владимир Путин ќе го посети Белград на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето “од фашистите”, јавува српската секција на Радио Слободна Европа. Хрватски Јутарњи лист објави дека Путин ќе учествува и на воената парада во Белград и дека постои несогласување од страна на американските сојузници.
Лавров зборуваше на 26 септември пред новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН.
Тој рече дека учеството на Путин во одбележувањето на годишнината ќе биде “централниот настан на посетата.”
Лавров изјави дека двете земји се вклучени во голем број на заеднички проекти и Путин ќе разговара за нови проекти со српските водачи кои придонесуваат за “дополнително продлабочување на нашето партнерство.”
Србија, на пример, се уште се посветени на проектот за гасоводот Јужен тек во Русија и покрај растечкиот отпор од страна на Европската унија, која тврди дека рускиот проект ги крши законите на ЕУ за антимонополизам.




