Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Кол-центри измамиле луѓе за околу 250 милиони евра

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 30, 2025 10:33

Истрагата покажа дека зад појавата на легитимен бизнис во кол-центар стои организирана криминална мрежа која измамила десетици илјади луѓе ширум светот нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што е тргување со девизи и криптовалути.

Група кол-центри од Белград измамила луѓе ширум светот за околу 250 милиони евра преку лажни финансиски инвестиции. Зад мрежата на поврзани компании и инвестициски платформи, меѓу кои бил и спонзорот на англискиот ФК Лидс, трагата води до Израелец претходно осуден за перење пари, откриваат БИРН и Investigate Europe.

Се проценува дека група кол-центри од Белград, кои се под истрага на српското и германското обвинителство, измамиле околу 70.000 луѓе нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што се тргување со девизи и криптовалути.

Германската полиција проценува дека вкупната штета може да достигне до 250 милиони евра, а жртвите се во Германија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Австрија, како и во Австралија и Канада.
Израелските менаџери биле на врвот, српските менаџери управувале со секојдневните операции и биле задолжени за контактирање со жртвите.
На осомничениот израелски менаџер Шаи Дорани му бил запленет имот од обвинителството во Србија во вредност од околу еден милион евра, вклучувајќи стан во Белград на вода. Дорани ја напуштил Србија во јануари 2023 година, избегнувајќи апсење.
БИРН и Investigate Europe откриваат дека израелскиот бизнисмен Елиран Овед и неговата сопруга Лиат Курц Овед – преку мрежа од фиктивни компании и долгогодишни соработници – се поврзани со кол-центри и лажни инвестициски платформи преку кои луѓето се измамени.

На прв поглед, немаше ништо необично во врска со „Олимпус Прајм“. Сместена во модерно дизајнирана деловна зграда во Нов Белград, компанијата делеше простор со кинески културен центар и луксузен хотел.

„Канцелариите изгледаа сосема нормално, како и секоја друга корпоративна канцеларија – многу маси, столови и компјутери“, изјави за БИРН Борис Мајлат, обвинител за високотехнолошки криминал, опишувајќи го дождливото утро на 11 јануари 2023 година, кога полицијата изврши рација во просториите на четири фирми, вклучувајќи ја и „Олимпус Прајм“.

За него фактот дека вработените седеле пред компјутерите сосема ладнокрвно, и покрај влегувањето на вооружени полицајци, беше подеднакво изненадувачки. Се покажа дека биле обучени за вакви ситуации. Во едно од видео снимките за обука што ги заплени полицијата за време на рацијата, израелските менаџери им објаснуваат на вработените како да се однесуваат ако дојде полицијата: „Кажете им дека нудите само едукативни материјали, ништо повеќе“.

Истрагата покажа дека зад појавата на легитимен бизнис во кол-центар стои организирана криминална мрежа која измамила десетици илјади луѓе ширум светот нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што е тргување со девизи и криптовалути.

Освен во „Олимпус Прајм“, полицијата изврши рација во уште три поврзани кол-центри во Белград – „Ман Маркетинг“, „НПД Партнер“ и „Асгард д.о.о.“. Операцијата ја водеше Европол, а беше спроведена на 22 локации во Србија, Бугарија и Кипар – по иницијатива на Германија, до која исто така се обратија првите жртви.

Вработените во кол-центрите во Белград беа распоредени во тимови кои беа насочени кон граѓани од различни земји во светот, обраќајќи им се на нивните јазици. Користејќи лажни имиња, лажни идентитети и однапред спакувани реченици, тие се претставуваа како финансиски советници за да добијат доверба и да извлечат пари од жртвите, од кои некои беа пензионери кои останаа без своите заштеди.

Внатрешните разговори пронајдени во кол-центрите сугерираат дека агентите биле свесни за измамите, без никаква симпатија кон своите жртви – понекогаш нарекувајќи ги „идиоти“. Во една преписка, откако агентот изјавил дека жртвата има 40.000 евра за инвестирање, неговиот колега одговорил: „Одлично, украдете ги!“

Медиумите откриваат дека кол-центарот „Олимпус Прајм“ се потпирал на јасна хиерархиска структура: израелските менаџери биле на врвот, српските менаџери управувале со секојдневните операции и биле задолжени за контактирање со жртвите. Обвинителството ги замрзна средствата на Израелецот, кој е осомничен за водење на „Олимпус Прајм“, во Србија, чија вредност се проценува на еден милион евра, вклучувајќи и стан во населбата Белград на Вода.

Според германската полиција, која одговори на нашите прашања преку е-пошта, околу 70.000 луѓе биле измамени, а вкупната штета се проценува на околу 250 милиони евра.

Во Србија, 21 лице е обвинето за измама, штетата се проценува на 3,4 милиони евра, но обвинението чека потврда од судот. Пошироката истрага е сè уште во тек – во Србија и Германија – сепак, лицата зад целата шема продолжуваат да им бегаат на властите.

На социјалните медиуми, Овед изгледаат како успешна брачна двојка која објавува фотографии од егзотични патувања и маскенбалови. Елиран Овед, кој е и сопственик на израелскиот фудбалски клуб Бнеи Јехуда, неодамна доби признание од претседателот на Израел, Исак Херцог, за значајната општествена ангажираност на неговиот тим.

БИРН и Investigate Europe откриваат дека кол-центарот „Олимус Прајм“, во кој полицијата изврши рација во јануари 2023 година, бил во сопственост на кипарскиот државјанин и поранешен фудбалер Никос Андреу, близок соработник на семејството Овед, кој управувал со неколку нивни компании.

Покрај него, доверливи соработници на израелското семејство се бугарската адвокатка Вера Начкова Андонова и Милош Радивојевиќ, Србин со бугарско државјанство, кој е сопруг на Андонова. Радивојевиќ е единствениот кој е официјално под истрага на српските власти во врска со кол-центрите, како дел од истрагата за перење пари.

Тројцата биле директори во пет компании контролирани од парот Овед, а имале сопственички удели во најмалку 14 поврзани компании.

Истражувањето, исто така, открива дека бројни измамнички платформи за онлајн трговија што им биле препорачувани на жртвите од просториите на Olympus Prime и други белградски кол-центри се поврзани со израелскиот пар или нивните долгогодишни деловни соработници.

Овие платформи дури вклучуваат и FXVC – поранешен спонзор на фудбалскиот клуб од Премиер лигата Лидс Јунајтед – како и PrimeOT, Greenfields Capital, кои нуделе онлајн трговија со криптовалути, странски валути и други финансиски производи. Сите овие страници се означени од регулаторите како високоризични и се затворени.

Четири белградски кол-центри поврзани со Овед ги измамиле жртвите во Германија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Австрија, како и во Австралија и Канада. Податоците за жртвите пронајдени во компанијата Olympus Prime, кои ги добивме преку извор близок до иполицијата, покажуваат дека некои луѓе изгубиле само неколку стотици евра, додека други изгубиле повеќе од еден милион евра.

 

Белград БИРН измма кол центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.