Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научници: Амазон емитува повеќе јаглерод диоксид одошто апсорбира

0
By Sashko on July 15, 2021 ВЕСТИ
Фото: gov.br
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 11:03

Амазонската прашума позната и како „бели дробови на светот“ во моментот емитува повеќе јаглерод диоксид отколку што е во состојба да апсорбира, објавија за првпат научниците. Според најновата студија, емисиите на јаглерод диоксид изнесуваат една милијарда тони годишно. Повеќето од овие емисии се предизвикани од пожари што воглавно биле предизвикани од луѓе кои расчистуваа дрвја за правење на пасишта. Но, истражувањето сега, исто така, покажува дека дури и без директна човечка интервенција, поради екстремно високите температури и честите суши, емисиите на јаглерод ќе продолжат да растат.

Ова откритие е особено загрижувачко затоа што досега се сметаше дека амазонската прашума е одговорна за пола од вкупната апсорпција на јаглерод на Земјата и дека ја забавува стапката на глобално затоплување. Научниците, сепак, предупредуваат дека Амазон полека се претвора во извор на СО2, пренесува „Јутарњи лист“.

За ова истражување биле користени мали авиони кои ја измерија количината на СО2 до 4.500 метри над шумата во текот на последната деценија. Претходните студии кои укажуваа на тоа дека амазонската прашума станува извор на СО2 се засноваа на сателитски снимки, но така собраните податоци беа дефицитарни, пред сè, поради нарушувања предизвикани од облаци и голема вегетација на дождовни шуми.

Амазон Апсорпција Бели Дробови Емисија Јагледод Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.