Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белорусија: Лукашенко закажа уставен референдум за 27 февруари за засилување на позицијата

0
By Sashko on January 21, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белорускиот претседател Александар Лукашенко за 27 февруари закажа референдум за уставните амандмани, што би можело да му овозможи дополнително зајакнување на неговото владеење и останување на власт до 2035 година.

Со амандманите повторно се воведуваат ограничувања на претседателските мандати, што беа укинати за време на владеењето на Лукашенко, а со кои сега на претседателот на државата ќе му се дозволуваат само два петгодишни мандати.

Меѓутоа, овие ограничувања ќе стапат на сила само кога новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата, што му дава шанса на Лукашенко да се кандидира за уште два претседателски мандата, кога неговиот актуелен мандат ќе заврши во 2025 година.

Амандманите, исто така, му даваат значителни овластувања на новото Себелоруско национално Собрание, тело кое номинално ја претставува шареноликоста на белоруското општество, но во минатото главно се состоеше од државни функционери и поддржувачи.

Собранието би делувало како паралелна структура до парламентот, со широки овластувања за одобрување на надворешната, безбедносната и економската политика. Тоа ќе може да предлага и измени на Уставот, нацрт-закони и да избира членови на Централната изборна комисија и судии од највисоките судови.

Според предложените амандмани, актуелниот претседател автоматски би станал делегат на Собранието со 1.200 места и би можел да претседава доколку биде избран од другите делегати.

Белорусија е погодена од масовни протести по изборите во август 2020 година, кога Лукашенко го освои шестиот последователен претседателски мандат. Опозицијата и Западот ги осудија изборите како фалсификат. Тој брутално ги задуши демонстрациите, во кои полицијата тепаше граѓани и уапси 35.000 лица, па поради тоа многумина беа принудени да побараат засолниште во странство.

За време на овие превирања беа направени предложените измени на Уставот.

Со измените се укинуваат и одредбите за „неутралност“ и „ненуклеарен статус“ на Белорусија. Лукашенко понуди да прифати руско нуклеарно оружје, доколку НАТО ги премести американските атомски бомби од Германија во Источна Европа, во најновата серија чекори насочени кон зајакнување на врските со Москва.

Александар Лукашенко Белорусија референдум Свет Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.