Од денес, Белорусија воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск меѓу кои се најде и земјава, објави прес-службата на белоруската влада.

„Списокот на стока со потекло од ЕУ и нејзините земји-членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Северна Македонија, Исланд, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија, се забранети за увоз во Белорусија и продажба“, се наведува во документот, објавен неодамна на порталот за правни информации при белоруската влада.