Ден откако било информирано за неговото исчезнување, телото на Белорускиот активист Шишов е пронајдено обесено како виси на едно дрво во паркот во близина на неговата куќа во Киев. Неговата девојка пријавила во полицијата дека Шишов излегол на утринско трчање во паркот и дека не се вратил.

Полицијата се сомнева на убиство, зашто Шишов како директор на непрофитна организација со седиште во Киев, им помагал на Белорусите кои бегале од прогон. Поради тоа е покрената истрага за да се оценат сите можности вклучувајќи дури и самоубиство, пренесува Ројтерс.

Украина, Полска и Литванија по спорните минатогодишни претседателски избори во Белорусија, станаа уточиште за Белорусите.

Шишов бил на чело на организацијата „ Белоруска куќа во Украина“ која им помага на Белорусите да пронајдат сместување и работа и им дава правни совети.