Published: Tuesday, January 16, 2018 22:12
Стив Бенон, поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска сведочеше пред законодавната комисија на Конгресот во врска со наводните врски на предизборниот штаб на Трамп со Русија.
Бенон се појави првпат на Капитол хил да сведочи за руските врски на Трамп откако многу други досега сведочеа пред претставници на Конгресот.
Сведочењето, кое во Вашингтон се очекуваше со нетрпение, сепак беше зад затворени врати.
Бенон се наоѓаше во администрацијата во првите шест месеци по победата на Трамп на изборите во ноември 2016. Но тој падна во немилост на својот поранешен соборец откако беа објавени неколку негови критички коментари во книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Оган и бес: Во Белата куќа на Доналд Трамп“.




