Бензините поскапуваат за пола денар, цената на дизелот останува иста, а за пола денар, пак, поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Одлуката стапува на сила од ноќеска на полноќ.
Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45 денари за литар.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 33 денари за литар. Поскапување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, за 2,136 денари и килограм од овој енергенс ќе се продава за 20,106 денари.