Бензинот поевтинува за половина денар, а дизелот поскапува за еден денар. 

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила вечерва на полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година.

Со ова, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79,00 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 81,00 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 77,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.