Лажните референдуми што се одржани на делови од Украина, се спротивност на слободни и фер избори, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа тврди дека на тие референдуми, луѓе биле носени од станови и од работни места со закана со оружје за да гласаат.

„Тоа е спротивност на слободни и фер избори“, нагласи Бербок.

Како што истакна министерката, „сè додека постои руски диктат во окупираните региони, граѓаните таму не се ниту слободни, ниту безбедни“.