Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бербок во посета на Кијив

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Кијив, што е нејзина четврта посета на Украина.

Нејзината посета не беше најавена поради безбедносни причини, јави Зидојче Цајтунг.

Бербок со украинските функционери ќе разговара за подготовките за претстојната зима, за украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.

– Секој ден нов ужас, секој ден ново страдање и смрт. Тоа е безмилосната реалност на луѓето во Украина секој ден, рече Бербок по пристигнувањето.

Германскиот весник наведува дека Бербок при посетата на Кијив ќе каже дека Германија долгорочно сигурно ќе застане на страна на Украина и оти ќе ја поддржи политички, економски и воено.

Бербок рече дека Украина може да се потпре на фактот што Германија го смета проширувањето на ЕУ за неопходна геополитичка последица од руската инвазија и оти Берлин решително ќе му помогне на Киев на патот кон ЕУ.

Украина има статус на кандидат, а одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ се очекува на Европскиот совет во декември.

Бербок најави и дека ќе биде домаќин на конференција во Берлин на која ќе се разговара за неопходните промени во ЕУ за да може да ги прими Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Аналена Бербок ЕУ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.