Италијанскиот суд ја потврди ослободителната пресуда за Силвио Берлускони по обвинението дека плаќал за секс на малолетна танчерка, а потоа ја злоупотребил својата премиерска позиција тоа да го прикрие.
По неколкучасовно заседавање, судиите донесоа одлука со која му се овозможува на Берлускони да ја задржи својата улога во италијанската политика.
На укинувањето на пресудата од седум години затвор и доживотна забрана за вршење на јавни функции се жалеше обвинителот Едуардо Скардачоне кој на вчерашното сослушување рече дека Берлускони има „апетит на змеј“ кон тинејџерки и дека поради неговите објаснувања за овој случај „достојни за филмови на Мел Брукс“ цел свет и се смее на Италија зад грб.
Берлускони негираше дека платил за секс на 17 годишната Мароканка Карими Ел Махруг, која подоцна е уапсена за кражба, туку дека само сакал да и помогне затоа што мислел дека е роднина на тогашниот египетски претседател Хосни Мубарак.




